Анета и Молика пленат во живо

Турнејата на Анета и групата “Молика”, во организација на МКУД “Јане Сандански”, минатата седмица имаше успешни концерти во Сиднеј. Во Хрватскиот центар во Панчбол повеќе од 500 луѓе се веселеа на изведбата во живо на реномираната група од Македонија.

Фантастичната атмосфера и прекрасната изведба на популарната Анета долго ќе се раскажува. Овој петок Анета и “Молика” ќе имаат прв настап во Мелбурн, во Фераро рецепција и в сабота, во Џилонг во Македонскиот центар. За двата настапа се уште има место. Концертот што следната седмица ќе се одржи во Гранд Нерет рецепција веќе одамна е целосно распродаден.

Останати вести