Анета и Молика се на Австралиска турнеа од почетокот на Декември па се до 15 Јануари.
Прекрасни концерти, задоволна публика, тие во петокот и саботата имаа финални концерти во Сиднеј и Мелбурн, каде имаше повеќе од 600 присутни што е рекорд во последно време кога станува збор за Сиднеј.
Ќе се памети, одамна не ја наполнил салата некој од нашите изведувачи како што тоа го направија Анета и Молика.
Анета и Молика ги започнаа своите настапи ширум Австралија уште во декември, па настапуваа за новогодишните и Божиќните празници и последен настап им беше оваа сабота за Стара нова година во Гранд Нерет рецепција, со тоа и ја завршува оваа исклучително успешна турнеја во Австралија.
Менаџер на нивната турнеа беше Влатко Јовески од Република ентертејнмент.




