Анкета на СРД: Телма со најголема доверба, Сител- најмала

Анкетата спроведена од Советот за радиодифузија покажува дека најголема доверба испитаниците имаат во вестите на ТВ Телма со 28%, Вести24 со 23%, следуваат Алфа со 18%, АлсатM и Канал 5 со 15 %, МТВ со 12% и Сител со 11% доверба, иако оваа телевизија е најгледана.

Според анкетата, граѓаните најмногу на телевизија гледаат вести (84%) и серии (61,8%). Вести и серии гледаат најмногу лица над 60 години и тие со средно образование. Во урбаните средини од информативните програми повеќе се гледа спорт, детска и документарна програма. Повеќе од половината испитаници сметаат дека културните, образовните, детските, документарните, музичките и филмските програми не се доволно застапени на телевизиите, а посточеките не нудат задоволител квалитет.
Дури 27 проценти од испитаниците одговориле дека од странските телевизии најмногу ја гледаат Discovery, односно 26, 4 проценти. 1.Discovery 26,4% 2.Eurosport 16,6% 3.Sport club 14,0 % 4. HRT1 13, 6% 5.DM Sat 10, 9% 6.National geographic 10,4% 7.Fox 9,1% 8. RTS 8,7%.
79 проценти од граѓаните секојдневно се информираат од телевизијата, 44 проценти од интернет, 20 проценти од печатот и 8 проценти од радио.
Дури 59, 1 процент од граѓаните користат интернет во својот дом, при што 65 проценти го користат за пристапување на социјалните мрежи, 57 проценти за информирање за дневни настани.
Ова се резултати од анкетата спроведена од Советот за радиодифузија во периодот 5-11 април годинава, спроведена во осум географски региони на 1070 испитаници.

Останати вести