На Антарктикот со мраз се прекриени 44% од крајбрежјата, но бидејќи океаните се повеќе се загреваат поради глобалното затоплување, научниците се почесто предупредуваат декла мразот стар илјадници години се распаѓа на овој континент.
НАСА со десении следи што се случува со ледената плоча а сега стигна предупредување дека добар дел од оваа маса ќе се откине од копното. НАСА тврди дека кршењето на Брунтовата замрзната плоча е скоро готово и се обидуваат да утврдат дали поради делувањата на се потоплото море и струјата оваа искршена санта ќе се распадне и ќе се стопи, а и колку време ќе ѝ треба за тоа.
Поради глобалното затоплување кое е последица на индустрискотоп загадување со јаглен диоксид од нафта, гас и масло, забрзано се топат замрзнатите карпи на Антарктикот. Научниците тврдат дека океаните секоја секунда се загреваат со енергија која е еднаква на енергија која би ослободила 6 атомскиу бомби од Хирошима. Доколку би се стопила цела оваа маса, би го кренала нивото на морето на Земјата за 2,4 метри. Освен Антарктикот, брзо се топи и Гренлад. Што се однесува до Арктик, он за неколку години нема да постои како замрзната маса, барем не во летните месеци на северната земјина полутпока.