Анте Ковиќ ќе брани за Рокдаел Илинден

Рокдаел Илинден во вторникот објави дека во клубот за претстојната сезона го регистрирал голманот Анте Ковиќ. Со него ќе се засили одбраната во 2017 година, а ќе може за прв пат да го види домашната публика за време на МАСО купот кој започнува во петок, на 27 јануари, на Спортскиот центар Илинден со почеток во 18 часот.

Анте Ковиќ е голман кој доаѓа од А–лигата, каде бранеше една година за Перт Глори во 28 натпревари, и имаше голема улога во Вестерн Сиднеј Вондерерс кога ја освоија Азиската шампионска лига и беше прогласен за највреден играч.
Ковиќ има брането за Hammarby IF во Шведска, за Marconi Stallions и Sydney Olympic во австралиската National Soccer League, PAOK Солун and AO Кавала во Грција и Динамо Загреб од Хрватска.
Во А–лигата има играно и за Њукастел Џетс, Мелбурн Виктори, а исто така беше и гоман на репрезентацијата на Австралија во 2006 на квалификациите за Светкото првенство во Германија.
“Комитите” со Анте Ковиќ добиваат вистински ветеран кој ќе биде последната линија на одбрана на голот.

Останати вести