Во организација на Амбасадата на Австралија во Република Македонија, на 25 април 2018 година, на британските гробишта во Скопје беше одржана церемонија на одбележување на Националниот ден на сеќавање – денот на АНЗАК.
Претставници на Министерството за надворешни работи на Република Македонија положија венец во сеќавање на загинатите војници на Австралискиот и Новозеландскиот Армиски Корпус (АНЗАК). 25 април 1915 година е денот кога Австралија и Нов Зеланд го одбележуваат споменот на 50-те илјади австралиски и новозеландски војници кои се истоварија на Галиполе во Турција и беа нивните први војници кои се приклучија на сојузничките војски во Првата светска војна. Оваа година амбасадорката на Австралија Џилиа Фини ја водеше церемонијата. На церемонијата беа присутни амбасадорите на Турција, Велика Британија и почесниот концул на Австралија во Македонија Зоран Костовски и претставници од воените аташеа.
