Аргентински морнари добиле корона, а 35 дена биле само на море

Аргентина се обидува да ја реши мистеријата за појавата на коронавирус кај 57 морнари по 35 дена поминати на море, и покрај фактот дека сите биле тестирани негативно пред да испловат.

Рибарскиот брод ,,Ечизен Мару” се вратил во пристаништето откако дел од морнарите развиле симптоми кои одговараат на ковид-19, објави Министерството за здравство на Аргентина.
Според Министерството, 57 од 61 члена на екипажот сега се позитивни на коронавирус. Сите биле тестирани 14 дена пред испловувањето, биле негативни и поминале низ задолжителен карантин во хотел во Ушуаја, сè додека не се качиле на бродот.
Само двајца морнари се негативни за вирусот, а резултатите се очекуваат за уште двајца членови на екипажот.
Двајца од морнарите биле хоспитализирани.
– Тешко е да се утврди како се заразени бидејќи тие не биле во контакт со никого 35 дена и се снабдувале со храна од пристаништето Ушуаја, вели епидемиологот Алехандра Алфаро во Тиера дел Фуего.
Тимот сега се обидува да ја утврди хронологијата на симптомите за да ја утврди хронологијата на инфекцијата.
Раководителот на одделот за инфективни болести во болницата Ушуаја, Леандро Балаторе, вели дека 35-дневната инкубација сè уште не е опишана.
Бројот на заболени од ковид-19 во Аргентина надмина 100.000, а повеќе од 1.900 починале. Повеќето од заразените се во областа Буенос Аирес.

Останати вести