Наближува Арката на Ное: Филмот во кој Расел Кроу го спасува светот

Маите го „утнаа“ крајот на светот, но според нордиската митологија, судниот ден сепак ќе се случи на 22 февруари 2014 година.

 

Вистина или не, не знаеме, но во меѓувреме се појави најавата за новиот филм инспириран од библискиот лик Ное, кој со својата Арка го продолжил животот на земјата по страшната поплава.

Епската филмска драма на Aвстралиецот Дарен Аронофски, во којa главната улога ја игра Расел Кроу наскоро ќе ја има својата промоција, а во меѓувреме погледнете дел од неа.

Кроу го глуми библискиот лик од Стариот завет, избраниот од Бога Ное, кој добива инструкции да направи брод со кој ќе ги спаси животинските видови пред Земјата да биде поплавена.

-Видов вода, многу вода, вели Ное во филмот, и додава:

-И видов живот, живот после тоа.

Дел од филмот е сниман на Исланд, а покрај Кроу глумат и Џенифер Конели, Ема Вотсон и Ентони Хопкинс. Филмот за арката на Ное го надмина својот буџет од 125 милиони долари, а неговото „пловење“ по кината ќе започне на 28. март 2014 година.

Останати вести