„Армадата“ тргна во спротивна насока

Американските воени бродови пловат кон Австралија, а не кон Северна Кореја, при тоа разочарувајќи ги новите подржувачи на Трамп, желни за судир.

Пред една недела американскиот претседател Доналд Трамп се пофали дека ја испратил „армадата” кон Северна Кореја – група воени бродови, предводени од носач на авиони. Тој потег значително ги зголеми тензиите, до таа мерка што кинските власти предупредија дека „секој момент” може да почне нова војна на Корејскиот полуостров. Но, судејќи според последните информации, тензиите сепак би можеле да се смират, имено, како што пренесуваат изворите „армадата” на Трамп повеќе не се приближува кон Северна Кореја, туку плови во спротивна насока, кон Австралија.
Од американската војска порачуваат дека причината за тоа е фактот што мораат да одработат дополнителни вежби со Австралија. Но, овие информации воопшто не и се допаднаа на Јужна Кореја, која е многу нервозна поради општата ситуација и најавите оти Северна Кореја наскоро би можела да тестира уште една нуклеарна бомба.
Медиумите кои во последните десетина дена пак ја слават „одлучноста” на Трамп, изгледа дека многу се разочараа, но остатокот од светот кој не сака нови судири, може накусо да здивне.

Останати вести