Годината е 1974-та и писателот Артур Кларк (1917-2008) е изведен пред еден од гигантските компјутери од тоа време.
Кларк дава интервју за австралиската телевизија ABC, а со него е неговиот син, кој во тоа време имаше само 6 години.
Репортерот му поставува на Кларк едноставно прашање: Каков ќе биде животот во 2001 година?
Кларк, кој е еден од најпознатите автори на научна фантастика на сите времиња и автор на легендарниот роман „Една одисеја во вселената во 2001-та година”, прави изненадувачка прогноза. Тој вели дека неговиот син еден ден ќе стане сведок на појавата на интернет.
Се разбира, Кларк не го користи зборот интернет, но вели дека уште пред почетокот на XXI век, во домот на неговиот син ќе има компјутерска конзола, далеку помала од машините зад неговиот грб, која ќе обезбедува „сите информации потребни за секојдневниот негов живот – изводи, резервации за театар, сите информации, од која човек има потреба за да живее во комплексно, модерно општество.”
Кларк додава дека неговиот син ќе ја користи конзолата слично на телефонот.
Пророштвото на Кларк што звучи изненадувачки актуелно денес е дел од научна серија наречена Perspective емитирана две децении пред интернет да стане дел од секојдневниот живот. Репортерот исто така го прашува Кларк дали луѓето ќе станат премногу зависни од машините. И покрај тоа што писателот признава дека има одредена опасност од тоа, тој исто така вели дека машините ќе ни обезбедат нова слобода.
„Тие ќе го направат можно живеењето секаде каде што ќе посакаме. Секој бизнисмен, секој менаџер може да живее каде што ќе посака на земјата и сè така да развива бизнис со помош на сличен уред”, вели Кларк.
