Иако на добрите познавачи на светските случувања овој податок не им е непознат, правникот и публицист Роберт Kенеди Помладиот, внук на поранешниот американски претседател, реши повторно да ја информира јавноста за еден податок кој фрла нова светлина врз сириската криза со статија во „Политико”.
– Нашата војна против Башар ал Асад почна со немирните граѓански протести од Арапската пролет во 2011 година. Таа почна во 2000 година кога Kатар предложи изградба на гасовод вреден 10 милијарди долари низ Саудиска Арабија, Јордан, Сирија и низ Турција – пишува Kенеди.
Тој гасовод би им обезбедил на сунитските монархии во Персискиот Залив одлучна предност на светскиот пазар за гас и би го зајакнал Kатар како близок американски сојузник во регионот. Kенеди вели дека токму во таа земја се изградени две големи американски воени бази и Централниот команден стожер на САД за Блискиот Исток.
Во статијата Kенеди понатаму наведува дека, штитејќи ги руските интереси, сирискиот претседател Башар ал Асад одбил да ја потпише согласноста за изграба на гасоводот и дека се решил за изградба на друг гасовод, кој би одел од Иран и Либан, преку ирачката и сириската територија, со што главниот извозник на гас за Европа би станал шиитскиот лидер Иран, а не Kатар. Тоа било спротивно на интересите на сунитскиот арапски исток, па веднаш по одбивањето на Асад, разузнавачките служби на САД, Саудиска Арабија и на Израел почнале подготовки за бунт во Сирија со цел да се собори Асад. Тие почнале да ја финансираат сириската опозиција, а Kенеди приложил и информации за тајните сметки. Така, вели тој, ЦИА испратила 6 милиони долара за британската телевизија „Барада” за создавање приказна во корист на соборувањето на Асад и покрај тоа што сирискиот режим е многу поумерен од оние во сунитските монархии. Сирија беше граѓанска држава со плуралистичка власт. Асад се залагаше за либерализација, а по терористичките напади од 11 септември, на ЦИА и ги доставувал и сите неопходни информации. Во 2013 година сунитските монархии, чии енергетски интереси виселе на конец, му предложиле на Вашингтон да ги покријат сите расходи ако САД го сменат сирискиот лидер.
– Всушност, некои од нив изјавиле дека ако САД бидат спремни да ја завршат целата работа, како што правевме претходно на други места (Ирак), тие на себе ќе ги преземат сите расходи – призна и американскиот државен секретар Џон Kери на сослушувањето во Kонгресот. Kатар, кој најмногу од сите бил заинтересиран за соборување на Асад, инвестирал три милијарди долари во обука на бунтовниците и го повикал Пентагон да ги обучува борците на негова територија.
– Независно од фактот дека западните медиуми ги претставуваат борците како умерени арапски бунтовници против тиранот Асад, стратезите на американските разузнавачки служби од самиот почеток знаеја како да се служат со рацете на радикалните џихадисти кои сега за себе градат нов исламски калифат во сунитските региони на Сирија и Ирак – пишува Kенеди.
