Бенедикт Камбербач: Асанж ме молеше да ја одбијам улогата во филмот за него

Џулијан Асанж, основачот на Викиликс, го молел Бенедикт Камбербач да ја одбие улогата во филмот за неговиот живот, пишува Дејли мејл.

Асанж му испратил на глумецот мејл од десет страници во кој му објаснува зошто оваа улога не е добра за неговата кариера.

„Беше тоа многу културно, шармантно и интелигентно од негова страна, кога ми објасни зошто не би било добро за мојата кариера кога би го глумел него во филмот”, изјавил глумецот кој се прослави со улогата на Шерлок Холмс во серијата на британски Би-би-си.

И покрај многубројните критики што го следат овој проект, Бенедикт кажал дека нема проблем со снимањето и дека овој филм ќе прикаже искрени идеи, и пожртвуваноста на Асанж за слободата на информирањето.

Бенедикт зборувал и за обвиненијата против Бредли Менинг и Едвард Сноуден, кои открија доверливи информации за шпионирањето на граѓаните и неавторизираните напади врз цивили во Ирак, за кои кажал дека се бесмислени, бидејќи им помогнале на луѓето да ги остварат своите основни права за слободата на информирањето.

Останати вести