20 години во подрум гради атомско засолниште

Јаков Лончаревиќ, маж кој во австралиските медиуми е претставен како Југословен кој далечната 1979 година се преселил во Мелбурн, а во меѓувреме се населил 337 километри од градот, веќе 20 години се подготвува за војна.

Лончаревиќ, две децении гради атомско засолниште. Во бункерот длабок четири метра има складирано: 900 кг. шеќер, 200 кг. грав и ориз, 6.000 литри вода, 40 кг. прашак за перење, 200 пара чорапи, 200 гаќи, 100 маици и 120 кг. мед.
Како што вели, за изградба му биле потребни бетон, 40 тони рециклиран челик и 20 тона дрво. Не кажал кога очекува да започне нуклеарна пресметка и кој ќе ја предизвика, но истакнал дека до денес од својот дом изнел повеќе од 40.000 канти земја. Судејќи по се, дошол моментот кога мора да престане со работата на бункерот, бидејќи ја изгубил битката со соседите кои се побуниле по 20 години.
На соседите им здодеало што Лончаревиќ го претвора крајот на нешто налик воен комплекс, па од месниот одбор побарале забрана за продолжение на работата и најавиле остри мерки доколку продолжи со работата и покрај забраната.
Лончаревиќ во некогашната СФРЈ работел како чувар на фабрики во кои биле складирани резерви на плутониум, па веројатно од таму доаѓа и неговата опсесија која довела до тоа да изгради атомски бункер.
Тој не наведува од кого очекува војна.

Останати вести