Спогодбата вредна $700 милиони меѓу агенцијата за финансиски информации AUSTRAC и Комонвелт банката на Австралија поради перење пари ја поздрави и федералната владата.
Согласно со постигнатиот договор, CBA која призна 53,506 кршења на законот против перење пари и против тероризмот, ќе мора да плати и $2,5 милиони за трошоци на правната постапка што мора да го одобри и федералниот суд.
„И честитам на AUSTRAC, нејзиниот извршен директор и целиот правен тим за нивниот ангажман и брза постапка” – рече федералниот државен обвинител Christian Porter.
Министерот за внатрешни работи Peter Dutton, рече дека CBA со непочитувањето на законот против перење пари и против тероризам им овозможила на криминалците да ги користат нивните системи и да го доведат во опасност австралиското општество.
„Ова е многу голем број на прекршоци во тек на неколку години и неприфатлив е и никогаш не смеело да се дозволи да се случи” – рече тој. Министерот Scott Morrison рече дека споменатите закони се нешто за што не може да се преговара, особено кога станува збор за најголемата финансиска институција во државата.
„Владата е сериозна за казнувањето на сите кршења на законите. Банките би требало да бидат водечки институции кои би требало да обезбедат нивните системи да не можат да бидат компромитирани од криминалниците кои сакаат да ги исперат своите пари или да финансираат терористички активности.”
Заменикот на ризницата на лабуристичката опозицијата Andrew Leigh изјави дека големината на казните укажува на сериозноста на кршењето на законот што ги направи CBA.
„Сето ова повторно укажува на повикот кој го упативме за основање на Кралската комисија, во текот на последните две години. Видовме од CBA дека се работи за скандали кои вклучуваат сметки отворени за деца до наплатување услуги на мртви лица за работа која не е сработена” – изјави тој.