Уште едно признание за Авио Травел

Авио Травел е позната и ценета меѓу Македонците во Викторија, со големо искуство од над 15 години. Нивната успешна работа ја признаваат и авиокомпаниите, сега со уште едно признание за Авио Травел од Престон и нашата Милка Секуловска.

Денот кога целата нација застанува и ги следи трките и модата – за празникот Мелбурн Куп, во Флемингтон беше присутна и директорката Милка Секуловска за да ја прими наградата за една од најдобрите патнички агенции со значителна продажба на авио билети за Источно Европскиот маркет што ја додели компанијата “Емирати”. Како што сите знаеме, авиокомпанијата „Емирати” се долгогодишни главни спонзори на коњските трки за Мелбурн Куп. Милка Секуловска, заедно со вработените во Авио Травел, се тим кој секогаш професионално им помагаат на патниците при изборот на нивната следна дестинација ширум светот.
Се приклучуваме со честитка кон нивното признание за успешната работа и им посакуваме понатамошни успеси.
Стефан Горгиевски
Милка и ќерката Наталија се облечени од австралиските дизјанери Carla Zampatti и Bronx and Banco

Тимот на Авио Травел се горди на наградата од познатата авиокомпанија “Емирати”

Останати вести