Со авокадо до богатство од витамини и минерали

За авокадото од секогаш се зборува како за многу здрава храна, а тоа не е случајно бидејќи тоа навистина изобилува со многу здрави состојки. 

Авокадото е богато со хранливи материи

Авокадото изобилува со витамини B5, B6, C, E, K, магнезиум, фолна киселина и уште многу други хранливи материи кои се добри за нашиот организам.

Го намалува холестеролот

Маста која ја содржи авокадото се нарекува олеинска киселина, за која се смета дека е многу корисна за здравјето на срцето. Истражувања покажале дека консумирање на авокадо може значајно да го намали холестеролот во крвта.

Изобилува со калиум

Ако не сте љубител на банани, а ви е страв дека вашите навики во исхраната не подразбираат доволно калиум, тогаш за вас правилен избор би бил авокадо. Вашиот крвен притисок ќе ви биде благодарен.

Кралство на протеински влакна

Една порција авокадо содржи до 7 грама протеински влакна, што е поголема доза отколку во било која друга храна. Влакната го намалуваат нивото на шеќери во крвта, придонесуваат за слабеење, но и го забавуваат разградувањето на јаглен хидрати во системот за варење, оставајќи ви долго чувство на ситост.

Авокадото е одлично и за кожата

Како што веќе споменавме, авокадото е добар извор на витамини C и Е, кои се многу важни за здрава и одлична кожа, а авокадото може да биде корисно и при лечење на псоријаза.

Останати вести