Австралиецот влезе во историјата: Шварцер лани славеше титула со Челзи, годинава со Лестер!

Австралискиот голман лани направи трансфер од Челзи во Лестер
Наместо да стави точка на кариерата, 43-годишниот голман Марк Шварцер во ланскиот летен преоден рок се одлучи за нова авантура.

Тој по освоената титула со Челзи, наместо да оди во пензија како шампион, се реши да направи трансфер во Лестер и да му биде резерва на Каспер Шмајхел.
По скоро една година, Шварцер веројатно е најгордиот човек на светот. Иако не одигра ниту еден меч оваа сезона во Премиер лигата, бранеше во Лига и во ФА Купот, и сепак беше здрава конкуренција на данскиот голман. На крајот стана првиот играч во историјата на Премиер лигата кој ја одбранил титулата со два различни клуба. Е па тоа се вика фудбалска бајка, чиј главен лик е 43-годишниот голман.

Останати вести