Австралија каква што ја знаеме и сакаме, за само три децении ќе изгледа сосема поинаку, тврди еден од водечките прогностичари.
Ќе имаме станови со стаклени градини во кои жителите ќе можат сами да одгледуваат храна, виртуелната реалност ќе биде „дел од секојдневниот живот”, а што се однесува до помрачните работи, ќе биде крај на приватност – системите за надзор ќе бидат инсталирани во телефоните, фрижидерите и машините за перење. Barrie Barton, прогностичар и главен истражувач за Right Angle Studios, го ангажираа да ја предвиди иднината на Австралија во 2049 благодарение на филмот Blade Runner 2049 – продолжение на култниот филм Blade Runner. Неговата работа ги револуционираше клучните австралиски популарни места вклучувајќи го и киното Golden Age Cinema во Сиднеј, како и работата на банката Комонвелт на нејзиниот извештај Увид во идните домови. Давајќи ја својата прогноза за тоа како Австралија ќе изгледа за 31 година, Barton предвидува каков живот ќе водиме во четири клучни области – технологија, одржливост, забава и дом. „Многу луѓе мислат дека прогнозирањето на иднината е некаква мистична активност, но всушност станува збор за логика. В предвид го земавме порастот на населението, гледавме колку луѓе живеат, не само во Австралија, туку и во нашите големи градови и од 2049 година бројките неверојатно се големи – нашите градови ќе станат многу поголеми отколку што се сега. Ова ни помага да замислиме каква иднина најверојатно ќе видиме” – вели Barton. Според податоците на Австралискиот завод за статистика, „популацијата на Австралија на 30 јуни 2012 година изнесувала 22,7 милиони жители, според проекциите, тој број би требало да се зголеми на 36,8 милиони во 2061 година, а да достигне меѓу 42,3 и 70,1 милиони во 2101 година.” Бартон вели ако светските лидери не реагираат денес, одржливоста на Австралија „е мајка на сите проблеми”, бидејќи нашата клима е „апокалиптична” благодарение на нашето искористување на фосилните горива. „Изгледа како половина од планетата да гори во оган. Доколку веднаш не почнеме подобро да се однесуваме, и да престанеме несовесно да ги користиме ресурсите на нашата планета, имаме можност да направиме сосема поинаква иднина.” Рече дека малку веројатно е оти ќе не чека роботска иднина, но секојдневните апарати како машината за перење ќе стане „навистина паметна” и потенцијално поопасна.
Одржливост
Нашето најоптимистичко сценарио е дека природата ќе биде помоќна. Во зградите на иднината, без разлика дали станува збор за небодери со станови или складишта, на нив ќе се наоѓа стаклени градини со систем за одржување кои на жителите ќе им даваат храна богата со хранливи материи. Растенијата се генетски модифицирани за максимално врзување на јаглеродот, а урбаната средина ќе биде променета со големи количини зеленило. Совршеното земјоделско земјиште би можело да се наоѓа во затворен, помал размер, а на него би можело да расте богатство на зеленило со контролирана светлина, температура, влажност, квалитет на воздух и исхрана.
Технологија
Нема да биде невообичаено во 2049 година да се влезе во салон за автомобили и пред било што да кажете, продавачот веќе ќе го знае вашето име, дали сте вработени и колку заработувате – освен ако свесно не сте одбрале дека не сакате тоа да се открие. Но, повеќето од нас не знаат како се користат нашите податоци или како повторно да се добие контрола над нив. Тоа што навистина плаши кога станува збор за иднината е тоа што уредите кои подоле ќе ги спомене ќе бидат некој вид на „самонадзор”. „Вашиот паметен телефон знае каде сте, центарот кој го препознава вашиот глас слушна што зборувате, вашиот фрижидер знае што јадете, вашиот часовник знае колку вежбате… ова се вистинските шпиони од иднината.”
Забава
До 2049 година, возрасните ќе пораснат на забави слични на компјутерските игри и целосно ќе бидат навикнати светот да го гледаат со дигитален прекривач. Веќе гледаме медиуми кои содржат слоеви на контекстуални, интерактивни елементи за подлабоко искуство и вклучување, но ова во 2049 година ќе биде сосема вообичаено. Опасноста е дека можеме да станеме толку вовлечени во овие убедливи имагинативни светови што ќе заборавиме да посветиме внимание на тоа што се случува околу нас во реалниот свет.
Дом
Во ситуација во која просторот е скапоцен, секој елемент на дизајнот и парчињата мебел мора добро да се потрудат за да го заработат своето место. Со исклучок на една или две работи (како што се дизајнерски столчиња во нашата компјутерски генерирана средина), секое парче мебел ќе има паметен интерфејс што ќе ви го олесни животот. На пример, вашиот шифоњер ќе го анализира календарот и временската прогноза за да донесе мудри одлуки за тоа што да облечете. Ова можеби звучи неверојатно, но неколку технолошки компании веќе работат на слични прототипови. На годишниот Меѓународен саем за потрошувачка електроника, Panasonic изработи робот која ја дипли облеката и фрижидер кој одговара на гласовни команди. Смирува помислата дека иако се чини оти технологијата во 2049 ќе биде многу понапредна отколку онаа што денес ја имаме, многу од тоа што го вреднуваме ќе остане исто. Ако во оваа визија на иднината постои нешто што не ни се допаѓа, се уште можеме да го промениме.