Австралија со рекордни 103 квартали без рецесија

Економијата во Австралија, во претходниот квартал порасна доволно силно така што го стигна холандскиот рекорд од 103 последователни квартали без рецесија.

Официјалните податоци објавени во средата покажаа дека Австралија веќе 26 години бележи константен раст, иако бруто домашниот производ (БДП) во земјата пораснал за 0,3% во првиот квартал од оваа година, забавувајќи во споредба со последниот квартал од минатата година, кога растот изнесуваше 1,1%.
Аналитичарите сметаат дека земјата има голема корист од силните трговски врски со Кина, а Австралија е најголемиот извозник на суровини, како бакарот, во земјата.
Тие ја истакнаа и важноста на структурните фактори. Земјата има многу висока стапка на домашни заштеди заради својот систем на пензиско осигурување, чиј резултат е и „многу добро финансираниот банкарски систем”.

Останати вести