Морисон: Австралија со месеци е цел на голем напад

Софистициран државен актер се обидува да хакира повеќе австралиски организации во текот на неколку месеци, а неодамна ги засили своите напори, рече австралискиот прајминистер Скот Морисон.

Целите на нападот се сите нивоа на влада, политички организации, даватели на основни услуги и оператори во клучната инфраструктура, рече Морисон на прес-конференција минатиов петок во Канбера.
„Знаеме дека се работи за софистициран државен актер поради обемот и природата на целта”, објасни тој.
Морисон рече дека нема многу држави што би можеле да започнат ваков вид напад, но Австралија нема да соопшти која држава е одговорна (сите си знаеме дека знаците водат кон Кина).
Министерката за одбрана, Линда Рејнолдс, изјави дека немало поголем упад во личните податоци.
Според австралиските медиуми, списокот на одговорните е многу краток, затоа што нема многу држави кои имаат капацитет за таков напад. Медиумите ја наведуваат Кина како главен осомничен, а телевизијата „АBC” цитираше високи извори кои велат дека Кина стои зад нападот.
Прајминистерот ја информираше опозицијата за нападите и побара од институциите и компаниите да се заштитат. Нападите траат со месеци, но сега се интензивирани, рече тој.

Останати вести