Австралија е на добар пат да го совлада корона вирусот

Најтешко погодената австралиска држава Викторија бележи едноцифрен број на нови случаи со коронавирус, додека австралиската влада објави дека дополнително ќе ги олеснува мерките за целосен карантин.

Во Мелбурн, во последните 24 часа имаше три ново инфицирани, а во самата држава досега имало 20.323 случаи од почетокот на епидемијата, од кои само 104 се сè уште активни.
Патем, најнаселената австралиска држава Нов Јужен Велс забележа два нови случаи, а северната држава Квинсленд еден нов случај на инфекција.
Во текот на изминатата недела Австралија забележала само еден починат поврзан со коронавирус.

Останати вести