Австралија го отфрли барањето на Нов Зеланд за прекин на депортацијата на осудените криминалци

Австралија нема намера да ја спречи депортацијата на осудените криминалци од Нов Зеланд во нивната татковина и покрај личната молба од прајминистерката на Нов Зеланд, Џасинда Ардерн, за ставање крај на праксата, пренесува „Брејтбарт”.

Австралија во 2014 година воведе задолжителна депортација за сите странски државјани кои добиле затворски казни во траење од 12 месеци или повеќе, а најзасегнат е австралискиот сосед Нов Зеланд.
Речиси 1.500 Новозеланѓани се опфатени со новите мерки – речиси половина од вкупно 4.000 депортирани – а Велингтон изрази загриженост дека некои од депортираните пораснале во Австралија и немаат никакви врски со Нов Зеланд.
Австралискиот министер за внатрешни работи, Питер Датон, негира дека се издвојуваат Новозеланѓаните објаснувајќи дека законот е еднаков за сите и дека нема да се промени.
„Ако дојдете како граѓанин на Нов Зеланд, или како Британец, или од каде и да потекнувате, вашата земја на потекло е местото каде што се враќате ако сте извршиле кривично дело”, изјави тој за „Канал 9″.
Датон рече дека неговата влада е решена да се заземе за сите Австралијци.
„Кога имаме австралиски државјани кои се жртви во одредени околности во кои луѓе сексуално ги напаѓаат децата, на пример, вложуваме голем напор да ги депортираме тие педофили”, рече тој.
Забелешките на Датон следуваа кога Ардерн изрази загриженост за политиката пред состанокот во петокот со австралискиот прајминистер Скот Морисон во Мелбурн.
Нов Зеланд и Австралија им нудат автоматски права за престој на државјаните на соседот и речиси 700.000 Новозеланѓани ја користат оваа можност да живеат тука.

Останати вести