Австралија го тужи Фолксваген поради измама

Австралија го тужи локалниот огранок на германискиот произведувач на автомобилите Фолксваген поради измама на потрошувачите, продавајќи им модифицирани возила на кои им е скриена вистинската емисија на штетни гасови.

Австралиската комисија за конкуренција и потрошувачи тврди дека се продале над 57,000 возила каде намерно се лажело во изминатите пет години. Од ACCC бараат јавна декларација за малверзација, финансиска казна и колективно обештетување. Фолксваген Австралија соопшто дека ги разгледува барањата на ACCC. Оваа фирма вели оти не верува дека судска постапка ќе даде било каква практична корист за потрошувачите, затоа што наскоро се очекуваат софтверски решенија за автомобилите кои подлегнуваат на доброволно повлекување. „Најдобро решение за потрошувачите чие возило е засегнато е инстралирање ажурирани податоци во рамки на сервисот на доброволно повлекување„ – рече Мајкл Барч, директорот на групата VW Австралија. Тужбата што ја поднесе ACCC-a опфаќа десет модели кои ги произведува оваа компанија, вклучувајќи ги и најпопуларните Голф, Пасат и Поло. Од ACCC соопштуваат дека станува збор за сериозно и намерно однесување на глобална корпорација и оти очекуваат повисоки стандарди во однесувањето на сите компании кои даваа услуги на австралиските потрошувачи.

Останати вести