Владата со нова стратегија ги идентификува Блискиот исток, индопацифичката област и Европа како приоритетни пазари.
Австралија во следните десет години ќе стане една од десетте водечни извозници на оружје во светот, според амбициониот план кој го претстави Владата.
„Не ја развивме доволно нашата воена индустрија” – рече прајминистерот Малком Турнбул во Сиднеј.
Целта на новата извозна стратегија на воената индустрија е да се изедначи Австралија со големите извозници како Велика Британија, Франција и Германија. Централниот дел на стратегијата е А$3,8 милијарди вреден комплекс кој според наводите на Владата, ќе отвори илјадници работни места за домашните производители со продажба на опрема во странство.
На 20-то место на листата на глобални извозници на оружје
Австралија годишно извезува воена опрема во вредност од А$1,5 до А$2,5 милијарди, вклучувајќи софистицирани технолошки прозиводи, како електронски уреди, системи за надзор и софтвер за воени намени.
Моментално го завзема 20-то место на листата на глобални извозници на оружје. Најголем светски извозник е САД, со третински удел во глобалната продажба на оружје, следуват Русија, Франција и Германија. Владината стратегија идентификуваше неколку „приоритетни пазари”, вклучувајќи ги оние на Блискиот исток, индопацифичката област, Европа и Северна Америка, а на списокот е и Велика Британија.
Сенаторот од Партијата на зелените, Nick McKim, го критикуваше планот на владата, сметајќи го како „гнасен”.
„Тие сакаат Австралија да стане масовен извозник на насилство, масовен извозник на смрт, масовен извозник на човечко страдање” – нагласи McKim.