Австралија и Индонезија ги обновија одбранбените врски

По формалните разговори меѓу Малком Турнбул и индонезискиот претседател Јоко Видодо, Австралија и Индонезија ги подобрија односите за целосно да може да се обноват одбранбените врски.

Кусата дводневна посета на индонезискиот претседател, на австралиските извозници им донесе договор за увоз на шеќер со намалени тарифи и поголеми квоти за фармерите за извоз на роба. Минатиот месец Индонезија делумно ги суспендираше врските кога нивен државник се навреди поради наводните навредливи материјали кои се пронајдени во австралискиот воен тренажен камп.
Топењето на замрзнатите односи го потврди и прајминистерот во заедничката изјава со претседателот на Индонезија, во резиденцијата на Кирибили. Двајцата лидери ја нагласија важноста на слободното пловење по Јужното кинеско море и цврсто ветија дека годинава ќе го потпишат долгоочекуваниот билатерален договор. Пред потпишувањето на овој договор австралиските извозници ќе имаат намалени даночни стапки за увоз на шеќер за 5 одсто, а за возврат Канбера ветила намалување на данок за пестициди и хербициди за индонезиските извозници. Австралија ќе отвори нов конзулат во градот Surabaya, втор по големина во Индонезија, додека во Австралија ќе се отворат уште три институти за индонезиски јазик. Претседателот Видодо рече дека цврстата врска ќе биде воспоставена само ако двете страни меѓусебно го почитуваат територијалниот интегритет.
„Нема да има мешање во домашните теми од другата страна” – изјави тој.

Останати вести