Министерката за одбрана тврди дека е потребен модерен систем за заштита од сите софистицирани закани од воздух.
Австралија има намера да развие ракетна способност на систем за противвоздушна одбрана врз платформата на системот NASAMS со помош на норвешкиот производител Kongsberg. „Драго ни е што гледаме дека NASAMS го препознаваат како најдобро решение за противвоздушна одбрана на австралиските копнени сили, а му се радуваме на процесот кој ќе не доведе до договор” – рече Еирик Ли, претседателот на компанијата Kongsberg Defence Systems. Австралискиот NASAMS ќе има локално произведени компоненти и ќе може да се инсталира на возилата Hawkei. „Модерен и интегриран систем на противвоздушна одбрана е потребен за да се заштити преместувањето на нашите сили од сите софистициранин закани од воздух, глобално и внатре во нашата регија. Австралискиот систем на противвоздушна одбрана со краток дострел стар е 30 години и треба да се замени во следните десет години. Заменскиот систем ќе обезбеди подобра заштита за нашите сили” – рече австралиската министерка за одбрана, Марис Пејн. Австралиското министерство за одбрана во соопштението наведува дека Raytheon ќе спроведе работилници ширум земјата, за домашната индустрија да има можност да биде составен дел од проектот. Решението за австралиската копнена војска врз основа на платформата NASAMS, би требало да биде главен интегратор на системот Raytheon Australia.
Kongsberg, кој го произведува NASAMS со Raytheon, ќе биде главен производител.