Австралија – Јордан 5:1

Убедлива победа на Австралија против Јордан во Сиднеј. Нашите “сокеруси” доминираа на теренот и можеше лесно да се оствари и повисока победа.

Со рационална игра и прецизни додавања Јордан беше целосно надигран и се гледаше скршениот морал на нивните играчи кои очајно се трудеа да изввадат подобар резултат. За Австралија беше важно да биде прва во групата Б, со што автоматски влегува во следната фаза за квалификување на Светското првенство во Русија во 2018. Првите репрезентации од осумте групи одат понатаму додека само четири од второпласираните ќе можат да најдат место понатаму, и затоа беше важно да се заврши прв со што се гарантира можноста за квалификација.
Избраниците на селекторот Енџ Постакоглу покажуваат дека влегуваат во вистинска форма. Минатата седмица против Таџикистан кој го совладаа со високи 7–0, и сега во вторникот со победа над Јордан од 5–1.
Стрелци на головите беа: Тим Кахил 24″, 44″, Арон Мои 39″, Томас Рогиќ 53″, Масимо Луонго 69″. Единствениот погодог за Јордан беше постигнат во 90 минута од Абдалах Дел.

Останати вести