За втор пат во својата историја Австралија има клучна позиција во решението кое ќе влијае на целиот свет! Ќе се повика ли Асвтралија на договорот АНЗУС и дали ќе застане зад Вашингтон во случај на напад од страна на Северна Кореја
Прајминистерот Малком Турнбул изјави дека Австралија ќе се повика на Договорот за безбедност (АНЗУС) за втор пат во својата историја како одговор на секаков тип на напад од страна на Северна Кореја против САД. Ова го пишува весникот The Sydney Morning Herald.
Турнбул ги отфрли повиците – вклучувајќи поранешните премиери Тони Абот и Кевин Рад – Австралија да развие свој штит за противракетна одбрана, за да го заштити континентот од заканата, која произлегува од севернокорејското нуклеарно оружје.
Посветеноста на Австралија е да им помогне на САД при намалувањето или ескалацијата на тензиите. Од Вашингтон Доналд Трамп вети “оган и бес” против Пјонгјанг, кој се закани дека ќе ја нападне територијата на островот Гуам во Тихиот Океан, истакна Турнбул.
“САД немаат посилен сојузник од Австралија, го имаме договорот АНЗУС, а доколку постои каков и да е напад против Австралија или САД … секој од нас ќе дојде да помогне во спасувањето на другиот”, уверува Турнбул во изјава дадена за мелбурнското радио 3AW.
Историската референца говори: Договорот АНЗУС (ANZUS Security Treaty – Australia, New Zealand, United States), или Пацифички пакт за безбедност, е трипартитен воен сојуз помеѓу САД, Австралија и Нов Зеланд, потпишан во Сан-Франциско на 1 септември 1951 година.