Австралија ќе се вклучи во нападите врз Исламска држава во Сирија

Австралискиот прајминистер Тони Абот соопшти дека военото воздухопловство ќе се вклучи во воздушните напади врз позиции на групата Исламска држава во Сирија.

– Владата реши да одговори позитивно на молбата на САД за вклучување на Австралија во воената операција, нагласи Абот.
Во моментов во база во Обединетите Арапски Емирати се стационирани осум авиони и 400 припадници на Военото водухопловство на Австралија. Досега тие учествуваа само вo напади врз позиции на Исламска држава во Ирак.

Останати вести