Австралија сака да биде лидер во извоз на канабис

Австралија одлучи да го дозволи извозот на канабис за медицински цели, со цел да го зголеми извозот на домашните произведувачи и да стане светски лидер во тој сектор.

Првата фарма во март доби дозвола да одгледува медицински канабис, за потоа уште неколку фарми да добијат слични дозволи, бидејќи владата тоа го гледа како економски сектор на иднината.
„Тоа е многу важна етапа за нашите пациенти и за националното производство”, изјави австралискиот министер за здравство Грег Хант.
Со постоење на австралиски пазар и меѓународните пазари ќе ја подобрат трајноста, односно активноста во Австралија, додаде тој.
Министерот истакна дека Австралија има амбиција да биде „прв произведувач на канабис за медицински цели во светот”, но дека еден од условите за издавање на дозволи е да се прифати дека националниот пазар секогаш треба да биде приоритет за произведувачот.
Рекреативната употреба на марихуаната е забраната во Австралија, која ја легализираше употребата на канабисот во медицински цели во 2016 година.
Употребата на канабисот во медицински цели дозволена е и во повеќе други земји, како што се Канада, Израел и повеќе држави во САД.
Калифорнија, која беше првата американска држава која пред две децении дозволи употреба на марихуаната во медицински цели, неодамна ја легализираше и употребата во рекреативни цели.
На тој начин постојано се зголемува и бројот на американски држави каде употребата на марихуана е слободна, додека федералната влада и понатаму ја смета за контролирана супстанца.

Останати вести