Австралија учествува и на 62-от Евросонг!

Победничка на 61 издание на Евровизија е Џамала, која во мај триумфираше со контраверзната нумера „1944″, додека Австралија ја зазема втората позиција.

Јан Ола Санд, извршниот супервизор на Евросонг, истакна дека ова музичко натпреварување ја обединува публиката како ниту едно друго и минатото издание на манифестацијата го гледале дури 200 милиони луѓе. Санд додаде дека се радуваат на фантастичните настапи во Киев во мај. Британскиот Хафингтон пост пренесува дека „австралискиот пат кон Евровизија бил интересен” особено ако се земе в предвид колку ова шоу е популарно во земјата и по 60 годишната традиција Австралија минатата година првпат учестуваше. А поканата дојде од кога евровизиската публика топло го прифати Гај Себастијан и неговата песна Tonight Again.
Следната година на 12 мај финалето на Евровизија ќе се емитува во живо од Киев.

Останати вести