Австралија веројатно нема да ги отвори границите до 2021

Aвстралија планира да ја задржи мерката за задолжителен 14-дневен карантин за оние кои влегуваат во земјата.

Австралија најверојатно нема да ги отвори границите за странските патници до следната година, но размислува да ги олесни правилата за влез за студентите и други посетители кои остануваат во земјата на подолго време, изјави министерот за трговија Сајмон Бирмингем.
Земјата доста успешно се справува со ширењето на коронавирусот, што особено се должи на ограничувањата во меѓународните патувања и строгите мерки за социјално дистанцирање.
„За оние кои влегуваат во земјата на подолг рок, наједноставно ќе биде да ја задржиме мерката за задолжителен 14-дневен карантин, што досега добро функционираше”, кажа Бирмингем.
Во Австралија досега има повеќе од 7.300 случаи на коронавирус и 102 починати. Во изминатите 24 часа се пријавени нови 22 случаи, што е најголема дневна бројка во последните 30-ина дена.

Останати вести