Австралија засега нема да се отвори со светот покрај одобрувањето вакцини за Ковид-19

Австралија не планира да ги отвори своите граници во скоро време и покрај напредокот во пронаоѓање и производство на вакцини против Ковид-19.

Како што изјави прајминистерот, Скот Морисон, земјата ќе ги задржи своите граници затворени за неавстралиските граѓани, како и за оние кои немаат постојан престој.
Што се однесува до отворање на меѓународните граници, ние сè уште сме далеку од тоа – изјави Морисон.
Велика Британија неделава ја одобри употребата на вакцината на „Фајзер”, зголемувајќи ги надежите за брза вакцинација против Ковид-19 низ целиот свет.

Останати вести