Градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески одржа средба со делегација од австралиската амбасада предводена од заменик амбасадорот Лианг Зенг.
Како дел од делегацијата на амбасадата беа и Билјана Бижиќ, координатор на програмата за директна помош и Зоран Костовски, почесен конзул. На средбата Георгиески и Зенг разговараа за актуелната состојба со спроведувањето на препораките од УНЕСКО. Заменик амбасадорот изрази задоволство од сериозниот пристап на
Локалната самоуправа во спроведувањето на препораките и ја искажа својата лична поддршка и поддршката на неговата земја во понатамошната работа.
Исто така, заменик амбасадорот повика на поголемо учество на повикот за доделување на грантови од страна на Австралиската амбасада. Дополнително градоначалникот Георгиески и заменик амбасадорот Зенг, разговараа и за унапредување на промоцијата на Охрид во Австралија со цел зголемување на бројот на туристи кои би го посетиле регионот.
