Австралиската министерка за надворешни работи Џули Бишоп изјави дека ќе ги поддржи потенцијалните напади на САД врз Сирија.
„Нема да ги коментирам чекорите кои американската војска моментално ги превзема. Но, ако САД изведат воздушни напади како одговор на користење хемиско оружје против цивили, Австралија ќе ги поддржи сите акции против власите во Дамаск” – вели таа.
Да потсетиме, американскиот претседател Доналд Трамп преку својот твитер профил рече дека Русија треба да биде подготвена за можен напад на Сирија, затоа што пристигнуваат „ракети – убави, нови и паметни.”