Австралија размислува да го признае Ерусалим за главен град на Израел

Австралискиот прајминистер Скот Морисон вели дека тој размислува да го признае Ерусалим за главен град на Израел и таму да ја премести амбасадата која сега е лоцирана во Тел Авив.

Прајминистерот Морисон за новинарите изјави дека тој е „отворен” за препораката направена од поранешниот австралиски амбасадор во Израел, Дејв Шарма. Претседателот на САД, Доналд Трамп официјално го призна Ерусалим како главен град на Израел во декември, прекршувајќи ја долгогодишната политика дека статусот на Ерусалим треба да биде дел од решението за постоење на две одделни држави. Во мај во Ерусалим и официјално беше отворена американската амбасада.
Пратеничката од опозициската Лабуристичка партија, Пени Вонг го обвини прајминистерот дека ја става дневната политика пред долгорочниот национален интерес на Австралија.

Останати вести