Австралиска реакција нa COVID 19

Австралија ќе се бори против пандемијата на коронавирусот (КОВИД-19) уште најмалку шест месеци. Нè чека долга битка. Мерките што ги применува австралиската Влада го намалија бројот на инфекции и спасуваат животи.

Австралиската Влада сака да ви помогне да добивате најнови информации.
Позитивниот и кооперативен начин на кој заедниците ги применуваат упатствата за одржување на социјално растојание помогна да се намали бројот на нови случаи. Коронавирусот се пренесува од човек на човек, обично преку кивање, кашлање или допир. Ако се држите најмалку 1.5 метар подалеку од други луѓе, вирусот нема каде да премине, па така секој од нас помага да се спречи неговото ширење.
Ако многу рано престанеме да одржуваме физичка оддалеченост од други луѓе, ќе дојде до нови избувнувања на заразата. Стапката на инфицирање се намалува, ама не исчезнала. Излегувањето од дома сам заради суштествени активности – како што се купување на храна, медицински потреби, вежбање или работа и образование, ве заштитува вас и другите.
Нашите верски и религиозни верувања се уште поважни во овие времиња, но коронавирусот значи дека треба да го смениме начинот на кој ги следиме тие верувања. За сега, нашата вера треба да ја практикуваме дома, сами или со членови на семејството кои живеат со нас. Сите верски служби се сега преку „стриминг” или преку интернет, со стриктно одржување на социјално растојание од страна на лицата што ја водат службата. Останува на сила забраната за присуство на богослужбите.
За да видите доктор, психолог или бабица, не мора да излегувате од дома. Совети може да добиете по телефон или интернет. Услугата Telehealth ја плаќа Medicare. Јавете се на вашето медицинско лице во врска со таа услуга. Исто така може да организирате вашиот аптекар да ви ги испорачува лековите дома.
Поради рестрикциите некои луѓе се под поголем стрес, несигурни и изложени на можност од домашно насилство. Засолништата за семејно и домашно насилство се суштествени служби и остануваат отворени. Ако сте изложени на домашно насилство, јавете се на 1800RESPECT, на MensLine на 1300 78 99 78 или на Kids Helpline на 1800 55 1800.
Бидејќи ширењето на коронавирусот продолжува, важно е да се остане информиран преку официјални извори. Останете во чекор со настаните преку australia.gov.au, јавувајте се на Националната информативна линија за коронавирусот на 1800 020 080 или на Преведувачката служба на 131 450. Исто така е достапна бесплатна апликација (app) на австралиската Влада – побарајте ‘Coronavirus Australia’ во Apple store или Google Play.

Останати вести