Турнејата е успешна, а публиката многу задоволна и весела од музичките изведби на нашите големи мајстори од Македонија.
Христијан Божинов Кико веќе е по 8-ми пат во Австралија и досега има настапувано на повеќе од 90 концерти. Кико е препознатлив по неговите маестрални изведби и затоа важи за еден од најдобрите вокали на Балканот. Познат е на публиката како вонсериски интерпретатор и по големите хитови кои ги има испеано: Погана, Тапан Грми, Ти си жена убава, Туѓина и др.
Освен претходните албуми што ги има издадено со групата Болеро, тој снимаше нов Албум со нови песни под негово име. Песните од новиот албум Кико ги презентира пред одушевената публика во концертниот дел од забавата.
Во текот на концертите Христијан-Кико одлично соработува со Ристе Ристески и со Ферус Мустафов.
Кико вели: Ние сме тука да соработуваме сите за публиката да биде расположена и задоволна. Во текот на концертот има време за сите нас, за мене, за Ристе и за Ферус. Не е битно кој повеќе ќе испее или ќе отсвири, најбитно од се е публиката да биде задоволна. Морам да го спомнам и мојот менаџер во Австралија Влатко Јовески. Најдобриот. Влатко исто така игра голема улога во успехот на сите концерти. Упатувам голем поздрав до сите наши Македонци во Австралија и ширум светот.





