Грчката заедница во Австралија ги учи австралиските новинари како треба да се користи името Македонија

Домашните медиуми очигледно го игнорираат меѓународното право и политика кога зборуваме за употребата на името на поранешната југословенска Република Македонија, соопшти здружението Панмакедонија од Мелбурн и побара австралиските новинари да ја именуваат Македонија само како БЈРМ.

Со непочитувањето на оваа препорака, смета грчкото здружение, австралиските печатени медиуми, радио и телевизиски станици се обидуваат да ги редефинираат историјата и австралиската надворешна политика и меѓународните протоколи.
„Со жалење и загриженост констатираме дека австралиските медиуми очигледно ги игнорираат домашните правила и меѓународното право и политика околу името на поранешната југословенска Република Македонија. Лажното претставување на оваа етничка група се прави преку непознавање на етичките и професионални стандарди на новинарството”, соопшти здружението доведувајќи го во прашање и интегритетот на новинарите.
Во име на грчката заедница во Австралија, ова здружение смета дека со употребата на името Македонија се нарушува и дијалогот меѓу Грција и Македонија за пронаоѓање компромисно решение за спорот, пренесе весникот на грчки јазик „Неос космос”.

Останати вести