Австралискиот пасош меѓу најсилните во светот

Дали некогаш сте се прашале колку е посакуван австралискиот пасош? Имаме добри и лоши вести. Лошата вест е дека австралискиот пасош не е најсилен на светот, но добра вест е што се наоѓа меѓу првите 20.

Глобалната консултантска фирма Nomad Capitalist направила рангирање на 199 земји според „вредноста на државјанството” и согласно со Номадовиот индекс, пасошот на Австралија е 16-ти највреден на светот. Државите се оценувани според можноста да патуваат без виза, оданочување, перцепција, двојно државјанство и слободата воопшто. Австралија која е поврзана со Комонвелтот, доби голема оцена за перцепција, двојно државјанство и слобода, што значи дека граѓаните на Австралија имаат добар углед во светот и речиси секогаш им е дозволено да имаат дополнително државјанство и се наоѓаат меѓу граѓаните со најмногу слобода. Негативни бодови добивме поради патувања без потребна виза и оданочување. Според индексот, оние граѓани кои имаат австралиски пасош имаат слобода да патуваат без виза или многу поедноставно добиваат визи за 169 земји.
Номадовиот индекс за пасоши, висока вредност дава на патувања без потребна виза, што е одговорно за 50 одсто од вкупниот ранг кој се дава на државата.
Во ова подрачје, најдобро е оценета Германија, која има пристап во 177 земји без виза. Австралиските одредби за оданочување за иселеници исто така ни даваат негативни бодови. Пасошот доби претпоследно место бидејќи Nomad Capitalist заклучи дека австралиските граѓани можат да избегнат плаќање данок ако се преселат во прекуокеанските земји, но со потешкотии. Најслаб пасош има Авганистан и се наоѓа на 199 место. Граѓаните на оваа држава можат да патуваат без виза само во 25 земји и строго им е забрането да имаат двојно државјанство и им се оданочуваат приходите низ светот, а глобално се соочуваат со значително непријателство.

Останати вести