Австралиски сенатор најави оставка поради врски со Кина

Истакнатиот опозициски австралиски сенатор Сем Дестјари минатава седмица најави дека ќе поднесе оставка во Парламентот, по серијата наводи за негови врски со интереси од кинеско потекло во Австралија.

Дестјари, од редовите на Лабуристичката партија, беше на удар на домашната јавност по написите во медиумите дека настојувал да го охрабри заменикот-претседател на партијата да не се сретне со кинеска активистка, која се противи на Владата во Пекинг.
– После многу размислување, одлучив дека најдобро што можам да направам за Лабуристичката партија е во 2018 година да не се враќам во Сенатот, изјави Дестјари.

Останати вести