Австралискиот министер за внатрешни работи позитивен на корона вирус

Австралискиот министер за внатрешни работи Питер Датон во петокот изјави дека тестовите покажале дека е позитивен на корона вирус.

-Утринава се разбудив со висока температура и суво грло. Веднаш го контактирав Министерството за здравство на Квисленд и дополнително се тестирав на Ковид-19, наведе Дантон во соопштението што го објави неговата канцеларија.
Тој додаде дека тестот бил позитивен, но дека добро се чувствува.
Во Австралија се забележени 200 случаи на корона вирус и три жртви, но властите очекуваат нивниот број брзо да се зголемува во следните неколку недели, бидејќи пристигнува зимата.
Австралискиот министер за внатрешни работи, Питер Датон, минатата недела престојуваше во Соединетите Држави каде што се сретна со Иванка Трамп, ќерката на американскиот претседател Доналд Трамп.
Додека беше во посета на Соединетите Држави, Датон се фотографираше како стои покрај Иванка Трамп, така што коронавирусот може да го загрози и американскиот претседател и неговото семејство, пренесуваат светските медиуми.
Во САД, Датон се состанал и со своите колеги од безбедносните структури на Америка, Велика Британија, Канада и Нов Зеланд.
Покрај тоа, Датон во вторникот бил на состанок во Сиднеј со австралискиот премиер Скот Морисон и другите членови на кабинетот.

Останати вести