Австралискиот парламент им забранува на екстремистите да се вратат

Парламентот на Австралија привремено ги усвои законите со кои на владата и се овозможува да ги спречи сомнителните екстремисти да се вратат дома, до две години, и покрај загриженоста дека тие закони би можеле да бидат неуставни.

Извештаите дека многумина кои се бореле во странски држави се вратиле во Австралија и ја нагласуваа потребата парламентот да донесе закон со кој привремено би се спречиле ваквите сопственици на двојно државјанство да се вратат дома од воените зони. 40 Австралици кои се приклучиле во борбата на страната на Исламската држава и други екстремистички воени групи во Сирија и Ирак се вратиле назад во Австралија. Федералната влада верува оти некои борците кои се меѓу 230 Австралици кои патувале во воена зона од 2012 година претставуваат „значителна закана” за безбедноста.
„Мислам дека е важно да се продолжи со постапката носење наредби за привремена забрана за влез во земјата” – вели министерката за индустрија и наука Karen Andrews.
Изјави и дека привремената одредба за забрана за влез издадена од министерот за внатрешни работи Питер Датон, дава можност да се направи проценка за тоа кога и како овие луѓе би требало да се вратат во земјата.
„Приоритетот на нашата влада, како и на било која влада, е да обезбеди нашите граѓани да бидат безбедни”. Владата во текот на следните недели ќе се обиде да донесе привремена забрана за влез на оние кои се бореле во странство, а кои имаат двојно државјанство и се враќаат во Австралија.
Сенатот ги усвои законите откога Лабуристичката партија го поддржа владиниот предлог иако постоеше загриженост дека министерот за внатрешни работи Питер Датон ќе има дискреционо право да одлучи на кој од Австралиците кои учестувале во војни ќе им биде забрането да се вратат.

Останати вести