И австралискиот премиер се појави во „Панамските документи“

Премиерот на Австралија е вмешан во светскиот скандал „Панамските документи”. Мајкл Турнбул е заведен како поранешен директор на офшор компанија. Откритието се јавува во екот на предизборната кампања на Зелениот континент.

Поранешниот банкар и мултимилионер во почетокот на 90-тите години на минатиот век бил директор на компанијата “Star Tech­nology Service Limited” регистрирана на британските Девствени Острови од „Мосак Фонсека”. Да се регистрира офшор компанија не е нелегално само по себе и премиерот негираше вмешаност во какви и да било даночни измами и нерегуларности.
„Нема ништо особено. Предметната компанија е филијала на фирма регистрирана во Австралија”, рече тој.
Според австралиското издание на „Фајненшл ревју” Турнбул, како и поранешниот премиер на Нов Јужен Велс, Невил Ран биле во Управниот одбор на фирмата во октомври 1993 година со цел развој на сибирски рудник наречен „Сухој лог”.
Двајцата се повлекле во 1995 година, а во 1998 компанијата банкротирала. На прашањето дали оваа компанија плаќала даноци во Австралија, премиерот одговори дека би плаќала, ако имала профит.

Останати вести