Aвтобуси без возач

Првиот автобус без возач на улиците на Квинсленд во близина на Бризбејн пристигнува годинава, а ќе вози со брзина од само 20 км на час. За жителите на островот Karragarra кои моментално немаат јавен превоз, бесплатно ќе го користат ова автоматизирано возило за време на шест месечниот проект кој треба да почне во ноември.

Автобусот ќе вози со максимална бризна од 20 км на час и ќе се движи по кружна рута од 3,5 километри која ги спојува траектниот терминал на островот и други осум станици. Лице за надзор ќе биде присутно за да им помогне на луѓето кои имаат потешкотии со движењето и да едуцира за технологијата на автобусот и да ги решава можните дефекти. Електричното возилот ќе превезував максимално 12 лица, а за навигацијата ќе користи сензори и ласери за да ги идентификува препреките и по потреба да застане или да ја прилагоди својата брзина. Овој автобус е заедничка иницијатива на RAQC и градскиот совет на Redland. Градоначелничката Карен Вилијамс вели дека автобусите без возачи можат да бидат совршени решенија кога станува збор за превоз во заедницата и услуги на островот. „Возбудливо е дека првото долгорочно тестирање на оваа технологија во Квинсленд ќе се спроведе на нашите острови Sothern Moreton Bay Islands што е важен чекор кон решавање на нашите долготрајни потреби во превозот” – вели таа.

Останати вести