На почеток од средбата во 5 минута, многу наивно одбраната на Австралија дозволи лесен приод до голот, а Харагучи лесно ја затресе мрежата кога се најде очи во очи со голманот Рајан. Од тој момент гостите беа задоволни со чување на предноста и оставија да доминираат “сокерусите”.
Во второто полувреме сокерусите беа подобар тим и при една акција пред голот беше фаулиран Томи Јуриќ. Судијата без размислување покажа на белата точка. Сигурен егзекутор на најсторгата казна беше Миле Јединак за 1–1. Проблем преку целиот натпревар беше немањето доволно шанси пред голот, а Јапонија изгледаше поопасна и со поизгледна шанса да го реши натпреварот во своја полза.
Австралија веќе седум години нема забележано победа над Јапонија, во тоа време најдобриот резултат против “самураите” е нерешено.
Австралија: Мат Рајан, Метју Спирановиќ, Томи Јуриќ (Тим Кахил), Арон Мои (Метју Леки), Брад Смит, Миле Јединак, Апостолос Гиану (Роби Круз), Рајан Мекгован, Трент Саинсбури, Масимо Луанго и Томас Рогиќ.
Јапонија: Кесуке Хонда (Такума Асано), Масато Моришинге, Генки Харагучи (Јуичи Марујама), Шинџи Кагава, Сусаку Нишикава, Ју Кобајаши (Хироши Кијотаке), Хотару Јамагучи, Макото Хасебе, Томоаки Макино, Готоку Сакаи и Маја Јошида.
Следниот натпревар на сокерустите е против Тајланд на 16 ноември, што ќе се игра во Банкок.
