Во Спортскиот Центар на Рокдаел Илинден, свечено беше прославена Стара Нова Година во организација на Социјалното друштво на доселениците од Село Цапари Битолско. Ова средба се одржува секоја година по традиција.
Водителот на програмата беше Ѓорѓи Сепентулевски кој со неколку зборови објасни кои се тие бабари, што оваа асоцијација ги прославува 29 години во нашата втората татковина. Доселениците од Цапари грижливо ја чуваат традицијата овде во Австралија и сакаат да ја пренесат и на помладата генерација и тие да продолжат да го одбележуваат денот. Претседателот на Цапарската асоцијација, господинот Владо Симоновски ги поздрави присутните и им ја честита Старата Нова Година и им се заблогодари на сите присутни што се одзваа да дојдат на оваа прослава.
Гости беа КУД „Вардар” од Бенкстаун под раководството на кореографот Драгица Ивановски. КУД „Вардар” се претстави со неколку сплетови на македонски ора и песни.
Посебен белег дадоа гајдаџиите Ѓорѓи Стојчевски-тепавчанецот и Тони Димовски со тапанџиите Љупчо Лаковски и Владимир Лозановски.
Изведен беше и скечот „Дочекот на македонските патници од Сиднеј на скопскиот аеродром Александар Македонски”.
ВИС „АРИА” се погрижи да има изобилство на македонски песни и ора. На бината се појавија и Ленче Наумчевска и Љупчо Лаковски со убава изведба на неколку народни песни.
Славица Марцевска


