Баерн е нов европски шампион!

Со 11 победи на 11 натпревари и 43 постигнати гола, со победи од 8:2 и 7:2, Баерн ја освои својата шеста титула во Лигата на шампионите.

Во големото финале одигра можеби најлошо, го победи ПСЖ само со 1:0, но на титулата не може никој да најде маана. Финалето во Лисабон беше едно од најслабите во поновата историја од елитното натпреварување, двете екипи играат во грч, а одлучи еден потег.
Голот за победа го постигна Кингсли Коман, детето кое излезе од школата на ПСЖ и кое таму ја почна својата професионална кариера. Горецка нафрли од десната страна, а 24-годишниот француски интернационалец со глава го совлада Кејлор Навас.
Една од причините за поразот лежи во релативно лошата игра на Нејмар, кој не беше многу расположен, а и противникот одлично го запре. За Баерн ова е прв титула по пауза од седум години, а ПСЖ доживеа пораз во првото финале во Лигата на шампионите.

Останати вести