Магазинот „Тајм” ги прогласи Џо Бајден и Камала Харис за Личности на годината. Американскиот претседател Џо Бајден соопшти дека ќе учествува на следните претседателски избори во 2024 година.
Оваа изјава Бајден ја даде на првата негова прес конференција откако на 20 јануари ја презеде функцијата претседател на САД.
Временското пролонгирање на Бајден да излезе на првата своја претседателска прес конференција пред новинарите, како и инцидентот кога при качување на скалите за влегување во претседателскиот авион, кога Бајден се сопна и падна, ги подгреа шпекулациите и го стави под знак прашање неговиот мандат.
Се повеќе се шпекулира дека Бајден не е способен да го продолжи мандатот и дека се поизвесно скорешно преземање на претседателската функција од страна на неговата сегашна заменичка, потпретседателката Камала Харис. Овие шпекулации дополнително се подгреаја откако Бајден ја задолжи Харис да раководи и да управува со мигрантсаката криза на границата со Мексико.
Оваа, чувстсвителна и тешка задача, Бајден ја доверува на Харис, што беше протолкувано дека тој полека ги префрла претседателските ингеренции на својата заменичка и идна наследничка.
Бајден со 78 години е најстариот претседател досега. Ако се земе во предвид и неговата здравствена состојба, и да го истурка првиот претседателски мандат мала е веројатноста тој да го исполни своето ветување да се кандидира за нов 4 годишен мандат.
Наспроти ривалските две светски супер сили, Русија и Кина чиј еден лидер е помлад, а другиот, рускиот претседател Путин, во одлична физичка кондиција, американскиот претседател фрла лоша слика за тоа кој раководи со воено – политички најмоќната држава во светот, сметаат аналитичарите. Сето тоа според нив може да се одрази врз севкупниот имиџ и реномето на САД, во светот.