Лекарите во Австралија повикаа на итни испитувања затоа што бактерија која јаде живо место многу се шири и се заканува да прерасне во вистинска епидемија, најалармантна е состојбата во Викторија.
Појавата на чирот Бурули, кожна болест која е карактеристична за Африка, се зголеми за 400 отсто во последните четири години, предупредуваат експертите. Инфекцијата се почесто се јавува во средини во кои никогаш пред тоа ја немало. Лекарите не знаат како превентивно да делуваат и да ја спречат заразата. Само минатата година забележани се рекордни 275 нови инфекции, што е зголемување од 50 отсто во однос на 2016 година. Не е јасно зошто чир, кој е карактеристичен за тропските области се појави во Викторија, односно во област на умерена клима. Лекарите затоа апелираат до владата итно да одобри средства за истражување на оваа појава, затоа што струката нема одговор што да ја движи оваа епидемија, ниту како да се сопре.
Поголемиот број случаи на оваа болест во Африка се поврзани со близината на мочуриштата и други водени средини. Но, во Австралија случаите често се поврзани со специфични начини на пренос, како комарци, наведува Андрес Гарчиторена, научник од Институтот за истражување и развој во Франција и експерт за Buruli Ulcera.
– Во Австралија се чини дека болеста се шири на копно, додека во Африка на пример се шири преку водени екосистеми, вели Гарчиторена.
Лекарите исто така не знаат зошто симптомите се влошуваат, а доктор Гарчиторена смета дека можно е тоа да е поради развивање отпорност на антибитици.
– Тешко е да се спречи болест за која не се знае како доаѓа до инфекција, вели главниот автор на студијата професор Даниел Обрајан, советник за заразни болести.
Истражувањето укажува на алармантен пораст на нови случаи на болеста, локално познати и под називот Баирнсдел улцер. Оваа болест се забележува во Австралија веќе 70 години. Првот случај е забележан во 1948 година.
Според податоците на Светската здравствена организација (WHO) во Австралија од 2013 година се забележува пораст на заразата.
Buruli Ulcera е болест предизвикана од бактеријата Mycobacterium ulcerans и резултира со сериозни оштетувања на кожата и мекото ткиво, се наведува во студијата. Бактеријата е дел од истата фамилија организми кои предизвикуваат туберколоза.
– Болеста создава чиреви на таков начин што кога ќе влезе во вашата кожа, се размножива и произведува токсин, изјави Гарчиторена и додава дека најчесто го зафаќа масното ткиво. Иако се забележани и смртни случаи од оваа болест, во повеќе случаи не е опасна по живот.
Според доктор Гарчиторена најчест исход од болеста, доколку не се лечи на време е инвалидитет и ампутација на оштетените екстремитети.
Во 2017 година во светски рамки регистрирани се 2206 случаи на болеста. Бидејќи не е познат начинот на кој што се пренесува, се уште нема превентивна стратегија. Инфекцијата може да се лечи.
Болеста прво се појавува како безболна отекотина и се претвора во чир во рок од четири седмици. Во некои случаи може да ги зафати и коските, предизвиквуајќи деформации.